Ocena Teme:
  • 0 Glasov(a) - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Ел-Калем (Калем)
#1
Rainbow 
СУРА

“ЕЛ-КАЛЕМ” (“Калем”)

Мекка - 52 ајети

Во името на Аллах Милостивиот Сомилосен!



1. Нун! Се колнам во калемот и во она што оние го пишуваат:

2. ти не си, со благодетот на Господарот твој, луд,

3. и ќе добиеш награда која никогаш не ќе престане, навистина!

4. Да, голем ахлак поседуваш ти!

5. Па, ќе видиш а и оние ќе видат,

6. кој меѓу вас, токму, е лудиот!

7. Господарот твој, секако, е Оној кој најдобро го знае оној кој скршнал во заблуда од патот Негов, и Он најдобро ги знае упатените!

8. Па, не слушај ги лашковците!

9. Посакуваат да се сплотиш па и тие да се сплотат.

10. И не биди послушен на ниеден голем колнач презрен!

11. голем клеветник, пренесувач на зборови,

12. кој спречува добро, голем престапник, голем грешник,

13. незаситен и, покрај тоа, неповикан гостин

14 затоа што има имот и синови,

15. кој, кога му се кажуваат ајетите Наши, вели: “Тоа се прикаски одамнешни!”

16. Ние ќе го обележиме на носот.

17. Ние ги ставаме во искушение онака како што ги ставивме во искушение сопствениците на една бавча кога се заколнаа дека ќе ја оберат штом ќе станат изутрина,

18. кои не рекоа: Иншаеллах!

19. Па, една несреќа од Господарот твој ја погоди бавчата додека оние спиеја,

20. и изутрината, ете,беше пустелија,

21. и тие, тоа утро, се повикаа меѓусебно:

22. “Одете изутрина кај поседот ваш ако сакате да го берете!

23. И тогаш тргнаа, зборувајќи еднисодруги по пат:

24. “Никаков сиромав денес нека не ви влезе во бавчата ваша!

25. И изутрината излегоа уверени во шкржавоста своја.

26. И бидејќи ја видоа бавчата, рекоа: Да, ние сме во заблуда скршнати

27. и уште се ни е скратено!

28. Најумерениот меѓу нив рече: “Нели ви реков дека Аллаха треба да Го славите?

29. Рекоа: Нека биде Славен Господарот наш! Ние сме зулумќари, навистина!

30. И започнаа да се грдат еднисодруги;

31. зборуваа: Е, тешко нам! Ние сме насилници, навистина!

32. Господарот наш можеби ќе ни ја замени со подобра бавча. Кон Господарот наш тежнееме, навистина!”

33. Ете, таква беше казната. А казната ахиретска е поголема. Е, само кога би знаеле!

34. За богобојазливите кај Господарот нивни има, навистина, бавчи џеннетски, благородни!

35. Па, послушните ли ќе ги третираме како силниците?!

36. Што ви е? Како така просудувате?

37. Или, пак, имате Книга во која читате

38. дека за вас, навистина, ќе го има она што ќе го сакате?

39. Или, пак, ви се заколнавме со заклетви такви кои ќе траат до Денот суден, дека, тогаш, ќе го просудувате она што го просудувате?

40. Прашај ги кој меѓу нив мисли за тоа дека е така!

41. Или, пак, имаат божества... па, нека дојдат со божествата свои ако се искрени!

42. Денот во кој ќе се разголи коската потколенична и кога ќе се повикаат да паднат на сеџде ... не ќе можат;

43. ќе бидат уплашени погледите нивни и понижување ќе ги обзеде: беа повикувани да паѓаат на сеџде кога беа здрави.

44. Па, остави Ме, и оние кои го сметаа за лажен овој говор Ние ќе ги поредиме еднинадруги, постапно, од каде што не знаат.

45. И Јас ќе им дадам време. Сплетката Моја, нависта, е цврста!

46. Или, пак, бараш од нив награда а тие се оптеретени со долг?

47. Или, пак, Тајната е кај нив, а тие пишуваат!

48. Па, стрпи се до пресудата на Господарот твој и не биди како другарот на рибата кога се молеше, пискајќи!

49. А да не беше милоста на Господарот твој што веќе му дојде ќе беше фрлен на пусто место, понижен!

50. Па, Господарот негов го спаси и одреди да биде меѓу добрите!

51. Неверниците само што не те оборат со опулите свои кога ќе ја слушнат Опомената, и кои зборуваат: Он, навистина, е луд!

52. А тоа е само Опомена за световите!
Odgovori


Skoči na Forum: