Ocena Teme:
  • 0 Glasov(a) - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Ел-Ахкаф (Ахкаф)
#1
Rainbow 
СУРА

“ЕЛ-АХКАФ” (“Aхкаф”)

Мекка - 35 ајети

Во името на Аллах,Милостивиот Сомилосен!


1. Ха, мим!

2. Книга што се објавува од Аллах, Силен и Мудар!

3. Ние ги создадовме и небесата и Земјата и она што е меѓу нив само со вистина и до рок определен. А оние кои не веруваат се рамнодушни кон она со што се опоменуваат.

4. Кажи: “Покажете ми го она што го посакувавте освен Аллах? Покажете што создадоа на земјата! Или, пак, се здружени во создавањето на небесата. Дајте им ја Книгата пред оваа или, пак, трагите на знаењето ако сте искрени.”

5. Кој повеќе скршнал од оној кој повикува друг бог освен Аллах, кој не може да му се оѕвие на Денот суден и тие, освен Аллах, рамнодушни се кон молбите нивни,

6. и кои, кога луѓето ќе се зберат, ќе станат непријатели нивни, и кои не ги признаваа обожавањата нивни.

7. А кога им се кажуваат ајетите Наши јасни, неверниците зборуваат за вистината, бидејќи веќе им дошла: “Ова е волшебништво очигледно!”

8. Или, пак, велат: “Фрла лага врз Аллах!” Кажи: “Ако фрлам лага врз Него, па вие не можете да ме заштитите од казната Аллахова. Он најдобро го знае она што го изнесувате. Он е Доволен Сведок меѓу мене и меѓу вас. Он е Простувач и Сомилосен!”

9. Кажи: “Меѓу пејгамберите јас не сум нешто ново, и не знам што ќе се прави со мене а и со вас, исто така. Јас само го следам она што ми се објавува и јас сум само опоменувач јасен!”

10. Кажи: “Што мислите?” Ако Кур’анот е од Аллах, а вие не верувате во него, а за него, пак, сведочеше еден сведок од синовите Израилови дека тој е сличен на претходната Книга - та, поверува - а вие се надувте.” Аллах, навистина, не го упатува народот зулумќарски!

11. Неверниците им зборуваат на верниците: “Ако е тоа некое добро не ќе не престигнеа во тоа.” И бидејќи не се упатија по него, уште зборуваат: “Ова е лага одамнешна!”

12. А пред него беше Книгата на Муса, како водач и милост. Ова е Книга потврда на арапски јазик за да ги опомене оние кои зулум направија, и радосница за доброчинителите.

13. Оние кои, навистина, велат: “Аллах е Господарот наш“; потоа кои се истрајни... оние не ќе стравуваат и не ќе тагуваат!

14. Оние се жители џеннетски и во него за навек ќе останат; тоа им е награда за она што го работеа.

15. А и на човекот Ние во васиет му оставивме убаво да се однесува кон родителите свои. Мајката негова со мака го носеше и со мака го роди; го носеше и го доеше триесет месеци. А кога ќе сјакне и ќе наполни четириесет години, вели: “Господаре мој, овозможи ми да ти се заблагодарам на благодатот Твој со кој ме опсипа, мене и родителите мои, и да работам добро со што ќе бидеш задоволен и одреди потомството мое да биде добро. Јас, навистина, се кајам и јас сум меѓу муслиманите!”

16. Од таквите Ние ќе го примиме она што го работеа, најдоброто, а ќе ги занемариме пропустите нивни, меѓу жителите на Џеннетот - ова е ветување вистинско со што им беше ветено!

17. Оној што ќе им рече на родителите свои”Уф”, од вас двајца, ми ветувате ли дека ќе бидам оживеан. Пред мене, секако, пропаднаа поколенија многу, а родителите, барајќи помош од Аллах, велат: “Тешко тебе, верувај! Ветувањето Аллахово, навистина, е вистина,” а тој, пак, вели: “Ова се само приказни одамнешни!”

18. Тоа се оние врз кои се овистини Зборот што беше кажан меѓу народите кои веќе поминаа пред нив - и џинови и луѓе - и кои, секако, беа поразени!

19. И за секого имаат степени за она што го работеа. Аллах луѓето ќе ги награди за делата нивни; неправда не ќе им се направи.

20. А Денот во кој неверниците ќе бидат изложени на огнот: “Ги потрошивте вашите добра во животот ваш на овој свет и посакувате да уживате во нив. Па, денес ќе се казните со казната понижувачка затоа што се надувте на земјата бесправно и затоа што грешевте.”

21. И спомни го братот на Ад, кога го опомена народот свој во Ахкаф. Опоменувачи имаше и пред него и по него: “Обожавајте го само Аллаха. Јас, навистина, се плашам од казната на Денот голем!”

22. Зборуваа: “Дојде ли да н# одвратиш од божествата наши... па, донеси ни нешто од она што ни го вети ако си меѓу искрените! “

23. Рече: “Знаењето за тоа, навистина, е кај Аллах, и ќе ве известам за она со што сум испратен, но ве гледам дека сте луѓе што не знаете.”

24. И бидејќи видоа како се појави еден облак, кој одеше кон нивните долини, рекоа: “Овој облак ќе ни донесе дожд.” Не, тоа е она што вие брзате да дојде: ветар кој носи казна болна,

25. кој ќе потресе се, со наредбата на Господарот негов, па ќе останат само живеалиштата нивни. Ете, така Ние го казнивме народот насилнички.

26. Да, Ние ги населивме во тие места во кои вас не ве населивме, и им дадовме и уши, и очи и срца... А нема да им користат ни ушите нивни, ни очите нивни, ни срцата нивни во ништо! Зашто не ги признаваа знаменијата Аллахови и им се овистини она за што се исмеваа.

27. И Ние веќе го уништивме, секако, она што беше околу вас - градовите - и ги распоредивме ајетите за да се вратат по Патот.

28. Па, зошто не им помогнаа оние кои ги прифатија, освен Аллах, за блиски и богови? Но, скршнаа далеку од нив. Ете, тоа беа лагите нивни и измислиците што ги коваа.

39. И кога Ние ти испративме неколку џинови кои го прислушкуваа Кур’анот - а бидејќи беа присутни - рекоа: “Молчете!” И бидејќи заврши кажувањето негово се вратија кај народот свој како опоменувачи!

30. Рекоа: “О народе наш, ние навистина слушнавме Книга која е објавена по Муса како Потврда за она што е веќе меѓу нив, што упатува кон вистината и кон патот вистински.”

31. О народе наш, оѕвете му се на повикувачот Аллахов и верувајте му, зашто Он ќе ви прости од гревовите ваши и ќе ве извлече од казната болна.

32. А оној кој не ќе се оѕвие на повикувачот Аллахов не ќе може да се скрие на земјата и ќе нема, освен Него, пријатели. Онаквите се во заблуда очигледна!

33. Не гледаат ли дека Аллах, навистина, ги создаде небесата и Земјата, кој не се замори со создавањето нивно, дека е Кадар да ги оживи мртвите. Секако! Он,навистина, е Кадар за се!

34. А Денот во кој неверниците ќе бидат изложени на огнот - “ Нели е ова вистина?” Ќе речат: “Па, вкусете ја казната затоа што не верувавте.”

35. Па, стрпи се онака како што се стрпија оние меѓу пејгамберите, со дадената им одлучност. И не барај побрзо да им дојде казната! Ним ќе им се причини, на Денот кога ќе го видат ветеното им, дека останаа само еден час од денот - ова е само известување - па, ќе биде уништен само народот расипнички!
Odgovori


Skoči na Forum: