Ocena Teme:
  • 0 Glasov(a) - 0 Prosečno
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Ел-Мумин (Верник)
#1
Rainbow 
СУРА

“ЕЛ-МУМИН” (“верник”)

Мекка - 85 ајети

Во името на Аллах, Милоствиот Сомилосен!


1. Ха, мим!

2. Се објавува Книга од Аллах, Силен и Зналец!

3. Простувач на гревовите и Примач на покајанието, Силен Казнувач, Господар на силата. Нема друг бог освен Него. Свратилиштето е - кон Него.

4. За ајетите Аллахови расправаат само оние кои не веруваат, па нека не те измами патувањето нивно по земјите!

5. И народот на Нух лажеше пред нив и странките по нив. Секој народ му даваше значење на тоа како да го истера пејгамберот негов. И расправаа за невистината за да ја покријат со тоа вистината. Па, ги казнив. Е, само каква беше казната!

6. И ете, така, се исполни зборот на Господарот твој за оние кои не веруваа. Овие се, навистина, жители на огнот.

7. Оние кои го носат Аршот и оние кои се околу него, Го слават, заблагодарувајќи Му се, Господарот свој, и веруваат во Него, и бараат прошка за оние кои веруваат: “Господаре наш, и со знаењето и со милоста опфаќаш се! Прости им на оние кои се каат, кои го следат патот Твој, и сочувај ги од казната џехеннемска!

8. Господаре наш, воведи ги во бавчите еденски кои им ги вети - на оние кои беа добри -, и предците нивни, и жените нивни, и потомствата нивни. Ти си, навистина, Силен и Мудар!

9. И сочувај ги од лошотиите, а оној кого ќе го сочуваш од лошотиите на Денот тој - си му се смилувал, секако!” Ете, тоа, токму, е победа голема!

10. На оние кои не веруваа ќе им се возгласи: “Омразата Аллахова е поголема, сигурно, од омразата ваша кон самите вас: кога бевте повикани кон верувањето, па не верувавте.”

11. Ќе речат: “Господаре наш, двапати не усмрти и двапати не оживи, па еднаш веќе ги признавме гревовите наши. Има ли, тогаш, некој пат по кој ќе може некако да се излезе?”

12. “Тоа ви е, ете, зашто не верувавте кога се повикувавте кон Аллах, Единствениот, а кога Му се здружуваше нешто, верувавте. Судот е на Аллах, Вишен и Голем!”

13. Он ви ги покажува знаменијата Негови и од небо ви спушта ‘рск. Се сеќава само оној кој ја прима поуката.

14. Па, повикувајте Го Аллаха, исповедувајќи ја чистата вера Негова, па макар тоа го мразеле неверниците!

15. Возвишувач на скалите, Сопственик на Аршот, кој го испраќа Духот со наредбата Своја, оној кого сака од робовите Свои за да опомене за денот на Средбата.

16. Денот во кој ќе се споредуваат, кога на Аллах ништо од нив не ќе Му биде скриено. И чија ќе биде власта на Денот тој? - Аллахова ќе биде, Единствениот и Силниот!

17. Ден во кој секој ќе биде награден според она што си го спечалил. Не ќе има неправда на Денот тој. Аллах, навистина, е Брз Пресметувач!

18. И опомени ги за денот што е блиску: кога срцата во грлата ќе застанат, загушени. За зулумќарите нема поддржник или посредник кој ќе биде послушен.

19. Он го знае скришниот поглед на очите и она што го кријат градите.

20. Аллах исправно решава. Оние кои се повикуваат на други богови освен Него... па, овие во ништо не можат да пресудат. Аллах, навистина, е Слушач и Гледач!

21. Не патуваат ли по земјата па да видат каква беше казната за оние пред нив? Тие беа и посилни и оставија поголеми траги на земјата. Па Аллах, заради гревовите нивни, ги казни. И за нив немаше поддржник од Аллах.

22. Ете, тоа така беше заради тоа што, навистина, им доаѓаа пејгамбери со јаснотии, па не веруваа, и Аллах ги казни. Он, навистина, е Моќен и Силен Казнувач!

23. И Ние Муса, секако, го испративме со знаменијата Наши и со доказот јасен,

24. до фараонот, до Хаман и до Карун... кои рекоа: “Волшебник и лашко!”

25. И бидејќи им дојде со вистина од Нас, рекоа: “Убијте ги машките деца на оние кои веруваат во него, а оставете ги во живот женските деца нивни.” Но, сплетката на неверниците води само во заблуда!

26. И фараонот рече: “Оставете ме да го убијам Муса, па тој нека го повика Господарот свој: се плашам, навистина, да не ја измени верата ваша или да не посее безредие по земјата.”

27. И муса рече: “Јас барам, и од Господарот мој и од Господарот ваш заштита, и против сум горделивиот кој не верува во Денот на пресметката.”

28. Еден човек верник од семејството фараоново, кој го криеше верувањето негово, рече: “Ќе го убиете ли човекот кој тврди: ‘Аллах е - Господарот мој. ‘ Тој, секако, ви дојде со јаснотии од Господарот ваш. А ако лаже, лажењето ќе биде против него. А ако, пак, вистина зборува, ќе ви се случи она со што ви се заканува.” Аллах, навистина, не го упатува претерувачот и лашкото!

29. О народе мој, денес е власта ваша: вие сте на чело на земјава. Па, кој ќе ни помогне од неволјата Аллахова ако оваа н#
погоди? Фараонот рече: “Јас го гледам при вас само она што го гледам. И само по патот и показот ќе ве упатам!”

30. А оној што веруваше, рече: “О народе мој, јас, навистина, се плашам за вас, од нешто слично на денот на оние кои се разединија,

31. слично на случајот со народот на Нух, на Ад и на Семуд и оние што беа по нив. Аллах не им посакува зулум на робовите!

32. О народе мој, јас, навистина, се плашам за вас од Денот на повикувањето еднинадруги,

33. Ден во кој ќе ги вртите плеќите. За вас, освен Аллах, ќе нема избраник, а оној кого Аллах ќе го скршне во заблуда... па, за него нема упатувач!

34. И порано Јусуф, секако, ви дојде со јаснотии. Па, постојано бевте при сомнение во она со што ви дојде. И штом си замина од овој свет, рековте: “Аллах нема да испрати пејгамбер по него!” Ете, така Аллах го скршнува во заблуда оној што претерува и сомнителот,

35. оние кои расправаат за ајетите Аллахови без никаков нивни јасен доказ, зголемувајќи ја омразата и кон Аллах и кон оние кои веруваат. Ете, така Аллах го запечатува секое срце на горделивиот и силникот!

36. Фараонот рече: “О Хаман, изгради ми една кула за да можам да се вишнам низ скалите нејзини,

37. скалите на небесата... Па, да се вишнам до богот на Муса, а јас, секако, мислам дека тој е лашко.” И ете, така му се разубави на фараонот злоделото негово и беше оддалечен од Патот. Сплетката на фараонот е само страдање!

38. И оној што веруваше пак рече: “О народе мој, следете ме, јас ќе ве упатам по Патот и по Показот!

39. О народе мој, животот на овој свет, навистина, е само уживање, а Ахирет, секако, е Куќата на постојаноста!”

40. Кој ќе направи зло ќе биде казнет соодветно на тоа, а кој, пак, ќе направи добро, било да е машко или женско, а верник е... па оние ќе влезат во Џеннетот во кој ќе бидат снабдени без мера!

41. И уште: О народе мој, што ви е, јас ве повикувам кон спасот, а вие ме повикувате кон огнот!
42. Ме повикувате да не верувам во Аллах и да Му здружувам здруженик, за кого не знам ништо. А јас ве повикувам кон Силниот и Простувачот!

43. Беспрекорно! Ме повикувате, секако, кон она за што не може да се повика ни на овој свет ни на Ахирет. Ние, навистина, ќе Му се вратиме на Аллах, а расипниците,токму, се жители на огнот.

44. Па, ќе се сетете на она што ви го зборував, а јас мојата работа Му ја препуштам на Аллах. Аллах, навистина, ги гледа робовите!”

45. И Аллах го сочува од лошотиите што му ги правеа, и ќе се оствари пакосната казна кон семејството фараоново:

46. огнот во кој ќе бидат фрлани и наутро и навечер; Денот во кој ќе се случи Часот: “Воведете го семејството фараоново во најжешката казна!”

47. И кога ќе расправаат во огнот, потчинетите ќе им речат на потчинителите: “Ние, навистина, ве следевме па, можете ли малку да не ослободите од огнот?”

48. И потчинителите ќе речат: “ Па, ете, сите ние сме во огнот, навистина! Да, Аллах им пресуди на робовите Свои!”

49. А оние кои ќе бидат во огнот ќе им речат на чуварите џехеннемски: “Замолете Го Господарот ваш да ни олесни барем еден ден од казната!”

50. Ќе им речат: “Нели ви доаѓаа пејгамбери ваши со јаснотии?” Ќе им одговорат: “Да!” Ќе речат: “Па, молете се!” Молбата на неверниците ќе биде само залудна!

51. Ќе ги поддржиме, сигурно, пејгамберите Наши и оние кои веруваа во животот на овој свет, и во Денот кога ќе воскреснат сведоците,

52. на Денот во кој на зулумќарите не ќе им користат извинувањата нивни; за нив има проклетство и за нив има Куќа пакосна.

53. На Муса, секако, Ние му дадовме Патоказ, и им ја оставивме на Синовите Израилови во наследство и Книгата:

54. Патоказ, Опомена за даруваните со разбир!

55. Па, стрпи се! Ветувањето Аллахово, навистина, е вистинско; и барај прошка за гревот твој и слави Го, заблагодарувајќи се, Господарот твој, и навечер и наутро!

56. Оние кои, навистина, расправаат за ајетите Аллахови без никаков доказ дојден до нив... во градите нивни има само горделивост, и не ќе ја остварат целта своја. Па, барај засолниште кај Аллах! Он, навистина, е Слушач и Гледач!

57. Создавањето на небесата и на Земјата е поголемо од создавањето на луѓето. Но, ете мнозинството на луѓето не знаат!

58. Не се еднакви оној кој е слеп и оној кој гледа, и оние кои веруваат и кои добри дела работат со злосторниците. Само малкумина од вас се сеќаваат!

59. Часот, во кој нема сомнение, навистина, ќе дојде. Но, ете мнозинството на луѓето не веруваат!

60. Господарот ваш рече: “ Повикувајте Ме, ќе ви се оѕвијам! Оние меѓу робовите Мои кои се дујат ќе влезат во Џехеннемот, потчинети!”

61. Аллах ви ја определи ноќта за да се смирете во неа, а денот за гледање. Аллах, навистина, е полн со добрина кон луѓето. Но, ете мнозинството на луѓето не се заблагодаруваат!

62. Ете, тоа ви е Аллах, Господарот ваш, Создател на се! Нема друг бог освен Него. Па, каде, навистина, сте кинисале?

63. Ете, така кинисаа оние кои не ги признаваа ајетите Аллахови.

64. Аллах ви одреди земјата да ви биде утврда, а небесата здание, и Он изглед ви дава, изглед најубав, и Он ве снабдува од богатствата. Ете, тоа ви е Аллах, Господарот ваш. Па, благословен е Аллах, Господарот на световите!

65. Он е жив. Нема друг бог освен Него. Па, повикувајте Го чисто, исповедувајќи ја верата кон Него. Благодарение на Аллах, Господарот на световите!

66. Кажи: “Забрането ми е, навистина, да ги обожавам оние кои вие, освен Аллах, ги обожавате. Бидејќи ми дојдоа јаснотии од Господарот мој и бидејќи ми е наредено да бидам послушен, секако, на Господарот на световите!”

67. Он ве создаде од земја, потоа од капка семе, потоа од засирена крв, потоа ве вади како бебе, потоа ќе сјакнете и, на крај, ќе остарете. Некои од вас порано ќе умрат, а некои, пак, ќе го дочекаат рокот определен... за да се вразумите!

68. Он и усмртува Он и оживува. И кога ќе реши за нешто, кога ќе му рече: “Биди!” - и тоа, токму, ќе биде!

69. Не ги гледаш ли оние кои расправаат за ајетите Аллахови? Како се оддалечуваат!

70. Оние кои лажат за Книгата и за она што Ние им го испративме на пејгамберите Наши. Е, па, ќе узнаат,

71. кога ќе има синџири врз вратовите нивни и кога ќе бидат влечени со железни прачки,

72. низ вода што врие; и кои, потоа, во огнот ќе бидат пржени;

73. Потоа ќе им се рече: “Каде се оние кои ги обожававте,

74. освен Аллах?” Ќе речат: “Се оддалечија од Нас. Но, порано на ништо не се клањавме. Ете, така Аллах ги скршнува во заблуда неверниците.”

75. Ете, тоа ви е затоа што се веселевте бесправно по земјата и затоа што бевте дрски.

76. Влезете низ вратата на Џехеннемот во кој за навек ќе останете. Е, само колку лошо е престојувалиштето за горделивите!

77. Па, стрпи се! Ветувањето Аллахово, секако, е вистина. Било Ние да ти покажеме нешто од она што им го ветуваме, било животот да ти го земеме... па, Нам ќе ни се вратат!

78. И пред тебе, секако, Ние испративме пејгамбери. За некои од нив ти кажувавме, а за некои од нив не ти кажувавме. Ниеден пејгамбер не донесе ајет, освен со одобрението Аллахово. Па, кога ќе дојде наредбата Аллахова, исправно се решава, а лашковците ќе настрадаат таму.

79. Аллах ви одреди животни: некои од нив ги јавате а со некои од нив се храните.

80. А од нив имате користи: го остварувате она за што чувствувате потреба - и со нив и со чамецот пренесувате!

81. И Он ви ги покажува знаменијата Свои. Па, кое од знаменијата Аллахови не го признавате?

82. Зошто не патуваа по земјата па да видат каква беше завршницата на оние пред нив? Беа и помногубројни и посилни во оставање траги на земјата. Па, така, не им користеше она што го спечалија!

83. И бидејќи им дојдоа пејгамберите нивни со јаснотии, се радуваа со знаењето што го поседуваа, и се оствари врз нив она за што се исмеваа.

84. И бидејќи ја здогледаа казната Наша, рекоа: “Веруваме во Аллах, Единствениот, и не го признаваме она врз што бевме, многубошци!”

85. И бидејќи ја здогледаа казната Наша... не им користеше верувањето нивно. Ете, таква беше праксата Аллахова, што веќе се случи, кон робовите Негови. И тогаш неверниците страдаа!
Odgovori


Poruke U Ovoj Temi
Ел-Мумин (Верник) - od Boots - 08-10-2023.22:14

Skoči na Forum: