Vakat | Forum
Ел-Хумезе (Потсмевање) - Oblik za Štampu

+- Vakat | Forum (https://forum.vakat.eu)
+-- Forum: Forum | Teme (https://forum.vakat.eu/forum-1.html)
+--- Forum: Kuran & Kerim (https://forum.vakat.eu/forum-3.html)
+---- Forum: Macedonian Translation (https://forum.vakat.eu/forum-35.html)
+---- Tema: Ел-Хумезе (Потсмевање) (/thread-1160.html)



Ел-Хумезе (Потсмевање) - Boots - 09-10-2023

СУРА

“ЕЛ-ХУМЕЗЕ” (“Потсмевање”)

Мекка - 9 ајети

Во името на Аллах ,Милостивиот Сомилосен!


1. Тешко на секој оној кој се потсмева и кој клевети,

2. и кој собира имот и кој брои,

3. мислејќи дека имотот негов е вечен, навистина!

4. Но, не! Ќе биде фрлен во Хутам!

5. А знаеш ли ти што е тоа Хутам?

6. Па, тоа е Аллаховиот оган, распален!

7. кој се вовлекува во срцата.

8. Огнот, навистина, врз нив е затворен,

9. со столбови долги!